Градежните активности во поткровјето на охридската Гимназија треба да завршат најдоцна до 10 октомври, информираат од Општина Охрид. Оттаму уверуваат дека наставата во останатиот дел од објектот се одвива непречено и безбедно, а реконструкцијата ќе продолжи и следната година со фасадата и спортската сала.