Општина Гази Баба се приклучи на големата еколошка акција за чистење и уредување на јавните површини покрената од Градот Скопје, со активно учество на општинските служби, јавните претпријатија и училиштата. Рано утрото, вработените од ЈКП „Гази Баба“ започнаа со чистење на јавните површини во населбата Автокоманда. Истовремено, општинската администрација работеше на уредување на пешачките патеки