Промената од летно на зимско сметање на времето и годинава ќе се применува во Европа. Според утврдениот календар, во последниот викенд од октомври часовниците ќе се поместат еден час наназад. На 25 октомври 2026 година во 3 часот по полноќ, стрелките ќе се вратат на 2 часот, со што официјално започнува зимското сметање на времето.