Општина Кисела Вода и Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ – Скопје, ги повикуваат сопствениците и љубителите на животни на настан во сабота, на 03 октомври, во паркот „Македонија“ пред Домот на култура „Билјана Беличанец“. Под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, настанот се организира во пресрет на Светскиот ден на животните. Дневната програма започнува …