Универзитетската клиника за детски болести и оваа година се приклучи кон глобалната акција „Златен септември“, посветена на поддршката на децата со канцер. Под мотото „Да го обоиме Светот во златно“, од Клиниката упатија порака во чест на децата кои се соочуваат со канцер и нивните семејства.