Министерот за правда лично ќе го бара Филипче во обид да го врати на преговарачката маса за реформите во изборниот законик. Денешниот нов обид за договор меѓу парламентарните политички партии заврши како и претходниот. Столчето на СДСМ остана празно. Седнале денеска во Министерството за правда ВМРО и нивните сателити од Левица да се договараат за изборни криминали, реагираше СДСМ одбивајќи го министерот.