Нова сообраќајна несреќа во која е повреден доставувач на „Волт“ се случила попладнево на булеварот „Партизански Одреди“, во близина на мостот „Обединети нации“. Околностите под кои дошло до несреќата засега не се познати. На фотографија што до нашата редакција ја достави читател се гледа мотор паднат на коловозот, додека на местото интервенира екипа на Итната медицинска помош.