Велешката и македонска авторка Десанка Николова денеска ја издаде својата најнова книга „Сеф за тајни“. Книгата е објавена на македонски јазик во издание на Издавачката куќа „Збор“ – Велес, во прво издание, со тираж од 500 примероци. Уредник е Емилија Златкова- Анастасова, лектурата е на Мариетка Петровска, а дизајнот на корицата е на Христијан Анастасов.