Октомвриската програма на Кинотеката на Македонија ќе опфати македонски филмови кои оваа година одбележуваат јубилеи од премиерите и кои оставиле белег во историјата на македонската кинематографија. Како што соопшти Кинотеката, октомври ќе биде „своеобразен филмски архив, во кој минатото не стои неподвижно“ и секој од јубилејните филмови „носи трага од своето време, но со секое […]