Копенхаген – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, се врати во Мадрид од Копенхаген со приватен авион ноќеска околу 2 часот по локално време, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа Икс. Претходно, селекторот на португалската репрезентација, Жорже Жесус, на прес-конференција објави дека Роналдо ќе го пропушти натпреварот против Данска закажан за вечер од 20:45 часот. […]