Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека војната со Иран ќе заврши „многу брзо“ и оти Вашингтон има речиси целосна контрола врз Ормуската Теснина. -Ќе видите дека работите ќе се случат многу брзо – им рече Трамп на новинарите во Овалната соба, додавајќи дека војната ќе биде завршена „на еден или друг начин“, пренесе Фокс њуз.