Во сите италијански училишта денеска стапи на сила забраната за покривање на лицето откако претседателот Серџо Матарела ја потпиша уредбата на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, соопшти кабинетот на италијанскиот претседател. Според уредбата, лицата на учениците мора да останат препознатливи, со што во пракса се забрануваат исламските велови што целосно го покриваат лицето, како што се бурките и никабите....