Како што пренесува Црвена Ѕвезда, тие побарале од него да им ја даде Златната копачка за да направат реплика, но тој им одговорил дека музејот на клубот е вистинското место каде треба да биде изложена и им ја дал оригиналната верзија. Панчев ја освои Златната копачка откако во сезоната 1990/1991 заврши како најдобар стрелец во Европа со 34 голови.