Талентот, трудот и посветеноста на учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“ повторно носат одлични резултати, велат од Општина Карпош. „Павел Шаламаноски, ученик во III-а одделение, ја освои првата награда на Меѓународната поетска манифестација „Сплоти се Македонијо“, со песната „Моја Македонија“. Честитки и за неговата менторка, наставничката Светлана Софијаноска, која доби пофалница за својот уметнички придонес. Михаил Псалтиров, ученик во VII-б одделение, …