Новата автобуска линија 35 од вчера воспоставува директна врска меѓу општина Бутел и општина Аеродром, односно меѓу Радишани и Ново Лисиче. Од Општина Бутел информираат дека со воведувањето на линијата се олеснува секојдневното движење на граѓаните и се подобрува поврзаноста меѓу населбите. Автобусите од Радишани ќе поаѓаат во 06:00, 08:00, 10:00, 12:00, 14:00 и 16:00 часот.