Синоќа во 19:50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 36-годишниот Ј.Т.од село во велешко. Како што се наведува во полицискиот билтен, Ј.Т. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, по кратка расправија се обидел физички да ја нападне неговата 57-годишна мајка, а потоа оштетил предмети во дворот.