Вчера во 15:40 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Б.С. од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, Б.С. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека на 29.09.2026 телефонски упатувал закани кон полициски службеник, кој претходно му изрекол казна за сообраќаен прекршок.