Лос Анџелес Лејкерс ги започна подготовките за новата НБА сезона а секако главна ѕвезда во екипата е Лука Дончиќ. Словенечкиот репрезентативец сега ќе биде најодговорен за тимот по заминувањето на ветеранот Леброн Џејмс кој отиде во Филаделфија '76. Дончиќ веќе на тренинзите покажува дека формата му е во нагорна линија. Со шут од далечина од пола терен погоди четири пати во серија од пет обиди.