Вчера во 11:05 часот на место викано „Бунец“, полициски службеници од Полициското одделение Маврово го лишиле од слобода Ш.М.А.(33) од Авганистан. Како што се наведува во полицискиот билтен, при контрола во такси возило со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал, кај него биле пронајдени марихуана и ризли.