УЕФА му довери на еден од своите највисокорангирани арбитри да го суди натпреварот меѓу Македонија и Шкотска во третото коло од Лигата на нации. Главен судија на дуелот во Скопје ќе биде Французинот Франсоа Летексиe, арбитер со огромно европско искуство, кој во 2024 година ја доби честа да го суди и финалето на Европското првенство. […]