Вардар на 8 октомври го пречекува полскиот тим Висла Плоцк во натпревар од ЕХФ Лигата на шампионите. Средбата ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20,45 часот. Пред црвено-црните е уште еден голем европски предизвик на домашен терен, а поддршката од трибините повторно ќе биде важен дел од борбата за позитивен резултат. […]