Скопје подготвено за 22. издание на Виз Ер маратонот во недела - пријавени над 15.000 натпреварувачи од 63 земји


Пулс live
  • 2.874вести денес
  • 158извори
  • 407активни теми
  • 184вести во последните 60 мин.
Скопје подготвено за 22. издание на Виз Ер маратонот во недела - пријавени над 15.000 натпреварувачи од 63 земји
Скопје Инфо • 1 час

Скопје подготвено за 22. издание на Виз Ер маратонот во недела - пријавени над 15.000 натпреварувачи од 63 земји

Сè е подготвено за 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој ќе се одржи во недела, 4 октомври, кога Скопје повторно ќе биде во знакот на трчањето, спортот и позитивната енергија. На традиционалната прес-конференција по повод годинешното издание, која се одржа денеска во Europe House, беа презентирани најважните информации за организацијата, трките и подготовките за големиот спортски настан.