На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото, Петре Русевски, предложен од првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката. Русевски изјави дека закупецот на просторот не презел градежни активности што би можеле да се квалификуваат како реконструкција на објектот, туку извршил градежно-занаетчиски зафати и ентериерно уредување