Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска заедно со бруцошите ја споделија радоста од почетокот на новата академска година. Пречекани од деканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии проф. д-р Благој Ристевски, заедно со ректорот на битолскиот универзитет проф. д-р Игор Неделковски, беа дел од свечената церемонија со која