„Комплетен идиот“ за премиерот, „ќе ги изгазам како шлепер жаба“ за сопартијците – Венко Филипче денеска без ракавици удри и по власта и по внатрепартиските критичари. Опозицискиот лидер Венко Филипче жестоко го нападна премиерот Мицкоски обвинувајќи го дека ја води земјата во изолација. Му порача на премиерот убаво да размисли што ќе и каже утре во Скопје на шефицата на ЕК, за да не му суделе идните генерации.