Преуредувањето од магацин во дискотека, не е реконструкција, туку, лесни занаетчиски работи. Ова го тврдеше градежен вештак ангажиран од сопственикот на „Пулс“ во судницата во Идризово откако почна фазата во која обвинетите со свои сведоци и докази ќе го оспоруваат обвинението за пожарот во кој загинаа 63 лица. Според градежниот вештак Петре Русески, градежните работи со кои се менувал ентериерот, не било реконструкција, како претходно што утврди вештачењето на градежниот факултет направено по барање на Јавното обвинителство.