Вчера во 13:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле 29-годишниот кавадарчанец Б.Б. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека во близина на село Возарци, кавадаречко, од патничко возило одзел паричник, сопственост на 24-годишна жена од село во кавадаречко.