Вчера во 08:42 во СВР Скопје, А.С.(41) од Скопје пријави дека околу 08:00 часот, додека била на работното место во детска градинка на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, се здобила со повреди на раката. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а за настанот е известен трудов инспектор.