Кумановци вечер од 19 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе имаат можност да ја посетат изложбата „Митологија, религија или слободна мисла“ на академскиот сликар Трајче Чатмов. На изложбата ќе бидат претставени дваесетина слики од неговата најнова продукција. Чатмов е роден во 1971 година во Скопје, каде што дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности.