Државата со години субвенционираше печки на пелети како мерка против загадувањето, но не обезбеди стабилен и достапен пазар за горивото. Денес вреќа од 15 килограми чини речиси 400 денари, цените често не се јавно објавени, домашните производители немаат организирана достава до Скопје, а сè повеќе граѓани ги продаваат печките. Пелетите не пропаднаа како идеја - пропадна политиката околу нив.