Милиони деца бегалци би можеле да го изгубат пристапот до образование поради кратењето на средствата за ОН, што ја продлабочува кризата со финансирањето на училишните програми, предупреди денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Околу 5,8 милиони деца и млади бегалци минатата година не посетувале училиште, што претставува 44 отсто од проценетите 13,1 милион деца бегалци во светот, соопшти УНХЦР.