Од Општина Карпош денеска информираа дека по завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени биле спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година. Спортските стипендии од Прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.