Дилан Спраус и неговата сопруга Барбара Палвин го открија името на нивната ќерка. Неколку дена откако објавија дека станале родители, актерот откри дека на девојчето му го дале името Силви. Силви е француска варијанта на името Силвија и е поврзана со латинскиот збор „silva“, што значи шума. Во последниве години тоа име стана популарно во земјите од англиското говорно подрачје. …