Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул од состанокот во рамките на Берлинскиот процес ги повика членките на Европската Унија да ги исполнат ветувањата за проширувањето кон земјите од Западниот Балкан, предупредувајќи дека кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот се загрозени поради бавниот напредок.