Вчера во 19:40 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на албанскиот државјанин Е.Б.(63), кој имал привремено живеалиште во кичевското село Грешница, му се влошила здравствената состојба, по што починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Кичево, а по наредба на јавен обвинител врз телото ќе биде извршена обдукција.