Градежните активности во поткровјето на охридската Гимназија треба да завршат најдоцна до 10 октомври, Од општина Охрид посочуваат дека наставата во останатиот дел од објектот се одвива непречено и безбедно, моментално 20 училници се во функција и има нормална настава. Во однос на безбедноста, уверуваат дека нема причина за загриженост кај учениците и наставниот кадар. Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи и следната година со фасадата и спортската сала.