Синоќа во 19:35 час на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(33) од Скопје. Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена рачна бомба кашикара. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.