Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја пречекаа Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамките на нејзината посета на Северна Македонија. Посетата претставува можност за зајакнување на дијалогот и соработката со Европската Унија, како и за унапредување на европската перспектива на земјата.