Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управуванo од С.Г.(23) од Турција и патничко возило „дачиа“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Ф.Б.(33) од Скопје. Во незгодата со телесни повреди се здобил Ф.Б.