Вчера во 18:05 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од Скопје пријавил дека во изминатиот период неговата поранешна 41-годишна вонбрачна партнерка од Скопје ја запоставила грижата кон нивните две малолетни деца. Исто така, како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомнева дека таа дозволила неговата малолетна ќерка да има полови односи со малолетник со кој била во врска.