Ноќеска во 02:50 часот во Полициското одделение Маврово, 24-годишна девојка од кочанско село пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 40-годишен партнер Д.Г.. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој потоа го нападнал и нејзиниот пријател С.П., кој се обидел да ја заштити. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.