Дали ВИ ќе ги украде работните места на докторите, ќе оперираат ли роботи наместо хирурзи, зошто е важна трансплантацијата на органи и колку во македонското здравство се имплементираат современите технологии – сите овие прашања ќе бидат теми за обработка на овогодинешниот интернационален конгрес за студенти по медицина. Од 15-18 октомври, конгресот ќе собере над 350 учесници и 150 реномирани професори.