Наместо на директна средба со Филипче, Платформата 12.05 ја достави иницијативата за промени во СДСМ преку партиската архива. СДСМ јавно го објави документот кој е означен како доверлив и експресно го отфрлија, како што велат уште пред да го прочитаат. Неодложна и неотповиклива оставка на Филипче е првото барање. - Итен избор на интегритетна, кредибилна, непристрасна и независна од актуелното раководство, Работна група со извршен мандат на определено време која ќе подготви план за санација и темелни внатрешни реформи во најкус разумен рок.