Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска ја посети Општа болница – Кичево, каде заедно со директорката, Маја Цветаноска Трајковска и градоначалникот Александар Јовановски одржа прес-конференција за новата болница и за намената на постојниот објект. Овој настан е дел од работната посета на здравствените установи во југозападниот регион, која ги опфати и Специјалната болница за нефрологија и Општата болница во Струга. …