Повеќе часови евтина струја преку ден, а можеби и за викенд – ова е една од промените што ги разгледува Регулаторната комисија за енергетика. Причината е што поради големото производство од фотоволтаиците, струјата може да биде поевтина преку ден, кога има вишок на пазарот. Регулаторна разгледува повеќе опции за промена на евтината тарифа. Можно е за време на викендите да има повеќе часови дневна евтина струја, кога потрошувачката од индустријата е помала, а на пазарот има вишок електрична енергија.