Црна Гора продолжува со максимален ефект во новото издание на Лигата на нации. Во рамки на Ц-дивизијата, црногорската репрезентација стигна до трет триумф во исто толку натпревари, откако на гостувањето кај Летонија славеше со 1-2. Најзаслужен за новите три бода беше младиот Василије Аџиќ, кој одигра одличен натпревар и двапати ја затресе мрежата на домаќините. […]