Македонија ги доби класичните бирократски пораки со позната умерена реторика од Брисел, но обврските остануваат истите, вака познавачите ги оценуваат изјавите на шефицата на ЕК Фон дер Лајен по средбите со државниот врв во Скопје. Ако сите пораки се стават на кантар Фон дер Лајен не донесе добри вести за Македонија, само позитивен тон и шифрирани пораки, смета политичкиот аналитичар Петар Арсовски.