Научници открија 11.742 различни вируси во седиментите на дното на Тихиот Океан, при што повеќе од 99 отсто од идентификуваните вирусни групи досега не биле застапени во научните бази на податоци. Откритието е направено во зоната Кларион-Клипертон, огромно подрачје на длабокото морско дно познато по богатите резерви на полиметални нодули. Резултатите од истражувањето се објавени во научното списание „Нејчр комуникејшнс“. …