Капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, вечерва во Скопје ќе го запише својот 100-ти настап за националниот тим. Тој ќе стане само вториот шкотски фудбалер со најмалку 100 репрезентативни настапи, по легендарниот Кени Далглиш, кој има 102. Неговиот соиграч Џон Мекгин го опиша Робертсон како „инспирација“ за младите шкотски фудбалери, особено поради неговата посветеност кон репрезентацијата. […]