Продолжува уредувањето и подобрувањето на инфраструктурата во локалитетот „Вевчански Извори“, еден од најзначајните природни и туристички локалитети во општина Вевчани. Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, информира дека започнува втората фаза од реконструкцијата на осветлувањето на пешачките патеки во локалитетот. Со проектот се предвидува обновување и модернизирање на постојната инфраструктура, со што, како што се наведува, […]